Реакција на МИМ за амандманите на медиумските закони

Се чита за 0 мин.

Со загриженост укажуваме на штетните последици од прифаќањето на амандманите со кои Агенцијата за медиуми добива ингеренции да ги контролира и печатените и интернет- медиумите, а приватните телевизии да се кофинансираат со средства од буџетот на државата. Со прифаќањето на овие решенија, Владата практично ја враќа првичната верзија на законот, со што потврдува дека јавните расправи и дискусии биле само фарса, со цел да се озакони целосната контрола врз медиумскиот систем во земјава.

Наместо да воведе регулаторен систем кој ќе биде основа за ефикасно остварување на слободата на изразување, компетитивен плурализам и демократизација на медиумската сфера, Владата свесно воведува ретрогрдани мерки за економски зависни медиуми, а последиците од ваквите решенија ќе доведат до целосна дисторзија на медиумскиот пазар и уништување на функцијата на медиумите како платформа за демократска дебата и артикулатори на критичката јавност.