До 3 мај пријавување за стипендиската програма “Новинарството во дигиталниот свет“

Се чита за 0 мин.

Меѓународната академија за новинарство – “Intajour“ доделува стипендии за новинари за десетмесечната програма “Новинарството во дигиталниот свет“, која ќе стартува на 31 август 2013 година.

Во рамки на програмата предвидени се неколку студиски посети во Германија, како и електронско учење, што ќе им овозможи на новинарите да ги усовршат своите вештини од областа на истражувачкото новинарство, новинарските форми за претставување на Интернет, продукција на веб содржини, снимање и обработка на видеа за веб, Интернет политики, и етички стандарди во медиумите.

Програмата “Новинарството во дигиталниот свет“ е наменета за новинари од земјите со ограничена или загрозена слобода на печатот. Сите заинтересирани професионални новинари може да се пријават за стипендија најдоцна до 3 мај 2013 година.

Целосни информации за програмата, критериумите и начинот на пријавување се достапни на следната веб страница: http://www.intajour.com/program/Program-description.html