Конкурс за наградата “Жан Моне“, пријавување до 8 ноември

Се чита за 0 мин.

Делегацијата на Европската Унија го отвори конкурсот за наградата “Жан Моне“, посветена на најдобрите достигнувања во покривањето на теми поврзани со ЕУ и со процесот на пристапување кон ЕУ. Годинешната награда, која се организира по десетти јубилеен пат, ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории - најдобар новинарски напис, најдобра репортерска фотографија и најдобра аматерска фотографија.

Рокот за пријавување трае до 8 ноември 2012 година, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 13 декември 2012г.

Поопширни информации околу начинот и критериумите за пријавување можете да добиете на следниот линк.