Прирачник за новинари за известување за прашања поврзани со човекови права “Speak Up, Speak Out “

Се чита за 0 мин.

Медиумите играат значајна улога во откривањето случаи на прекршување на човековите права, но и во разрешувањето на тие злоупотреби. Без оглед на која платформа функционираат, медиумите се клучни за подигање на свеста за повредите на човековите правата, за информирање на граѓаните за нивните права, како и за поттикнување на дискусија во врска со улогата на властите, правните кодекси и меѓународните механизми за заштита на тие права.

Со цел да им помогне на новинарите и на другите создавачи на содржини да ги научат основите на известувањето за прашања поврзани со човековите права, Интерњуз го креираше прирачникот “Speak Up, Speak Out“. Овој прирачник претставува водич за новинари и граѓански активисти кои сакаат да ги унапредат своите вештини за внимателно, прецизно и фер известување за прашањата кои се однесуваат на заштитата на човековите права.

Прирачникот претставува комбинација од основни информации за меѓународните механизми за човекови права, упатства за објективно известување за човековите права и практични вежби кои ќе им овозможат на корисниците да произведуваат квалитетни стории поврзана со човековите права. Исто така, прирачникот им помага на новинарите да го разберат функционирањето на меѓународните механизми, закони и договори кои се однесуваат на човековите права.

Прирачникот е развиен во рамки на Глобалната програма за човекови права на Интерњуз, и истиот во електронска форма може бесплатно да се преземе на следната веб страница: http://internews.org/research-publications/speak-speak-out-full-version