Новинари од Босна и Херцеговина правеа прилози за Ромите во Македонија

Се чита за 0 мин.

Тројца новинари од Босна и Херцеговина кои работат во различни медиуми,  беа во десетдневна посета на Македонија,каде ја остварија предвидената пракса  во ромската редакција на МТВ 2 и произведоа телевизиски прилози за емисијата на ромски јазик „Бијандипе“.

Освен посетата на неколку населби и директни контакти со граѓаните од ромска националност, новинарите имаа низа средби со претставници на ромски политички партии , министри,претставници на ЕУ делагацијата во Македонија, медиуми, невладини организации, советници од општини каде најмногу живее ромско население итн, на кои се запознаваа со ситуацијата на Ромите во земјава и снимаа материјал кој се користеше за изработка на прилозите.

Практикантскиот престој на новинарите се организираше како  дел од регионалниот проект „Роми во јавноста“, финансиран преку ИПА инструментот на ЕУ, а чија цел е преку обуки на новинари, продукциски активности и соработка со невладините организации, да придонесе за поголема и поквалитетна присутност на ромските теми во јавноста.

ТВ прилозите се поставени и на регионалниот портал  www.tocak.org , на кој се објавуваат стории за животот на ромската заедница на Балканот.