Сторијата „Списоци“ на А1 ТВ е најдобрата истражувачка сторија во 2011

Се чита за 0 мин.

Новинарките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска ја добија првата награда на конкурсот на МИМ “Најдобра истражувачка сторија за 2011година“ за сторијата “Списоци“, објавена на А1 ТВ.  

Втората награда ја освои новинарот Максим Ристески за серијалот текстови во врска со аферата “Тарбс“, објавени во дневниот весник „Капитал“, а третата награда ја делат Александар Динев, новинар на ТВ Сител, за прилозите на тема “Посвојување“, и новинарката на “Дневник“, Милена Атанасоска Манасиева за серијалот написи “Досие продажба на докторати и магистерски“.

Жири комисијата одлучи да додели три пофалници за истакнат новинарски ангажман на новинарите Жаклина Хаџи-Зафирова за серијата написи за синдромот бугарски државјанства, објавени во “Утрински весник“, на Ивана Колева за серијата текстови кои ја обработуваат темата за јавно откривање на акционерите под 5% во компаниите кои котираат на берза, објавени во дневниот весник “Капитал“, и на Лаура Папранику за написите во врска со мистериозните грабежи на возила на Македонски пошти, објавени во дневниот весник “Коха“.

Целосниот извештај на независната комисија која го изврши изборот на најдобрите истражувачки стории во 2011 е прикачен во прилог.


{moocasa url="https://picasaweb.google.com/data/feed/base/user/117196877178514474988/albumid/5725645893845876689?alt=rss&kind=photo&hl=en_US"}