“Клик“ - фото конкурс на Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле, пријавување до 11 април

Се чита за 0 мин.

Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле ги поканува сите заинтересирани фото ентузијасти од целиот свет да учествуваат на меѓународниот фото конкурс “Клик“.  Се аплицира со фотографии кои прикажуваат ситуации поврзани со културата и образованието, или фотографии од проекти, акции и кампањи, кои се однесуваат на образованието и културната различност. Највпечатливите фотографии ќе се искористат за креирање на онлајн фото атлас, како и во публикациите на Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле.

Интернет корисниците од целиот свет ќе имаат можност да гласаат за нивните омилени фотографии, и на тој начин, да помогнат во изборот на 10те најдобри фотографии кои ќе бидат дел од изложбата што ќе се одржи од 25 до 27 јуни 2012 година, во организација на Глобалниот медиумски форум. Во рамки на настанот ќе биде организирана конференција, на која, учесниците ќе ги изберат трите победнички фотографии.

Конкурсот трае до 11 април 2012. Упатството и критериумите за пријавување се дадени на следниот линк: http://www.dw.de/dw/0,,30930,00.html