До 21 февруари пријавување за Годишната програма за професионален развој во областа на новинарството и масовните комуникации во САД

Се чита за 0 мин.

Амбасадата на САД во Македонија го објави конкурсот за Годишната програма за професионален развој во областа на новинарството и масовните комуникации, која ќе се реализира во текот на учебната 2012 и 2013 година, во САД. Оваа програма, дизајнирана да придонесе во унапредувањето на професионализмот кај медиумите во Македонија, им овозможува на млади новинари и медиумски професионалци од земјава да ги подобрат своите вештини преку студирање и пракса на водечки универзитети во САД.

Сите заинтересирани новинари и медиумски професионалци, со најмалку две години професионално искуство во областа, може да аплицираат најдоцна до 21 Февруари 2012 година. Приоритет ќе имаат апликантите кои имаат помалку од десет години работно искуство. Лицата кои биле дел од меѓународни образовни програми, или пак оние кои во моментов студираат во САД, нема да бидат земени предвид во процесот на селекција.

Критериумите и начинот на аплицирање се дадени на следната веб страница: http://macedonia.usembassy.gov/archives/archive-2012/pdy12-13.html