Конкурс за програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“, пријавување до 4 март

Се чита за 1 мин.

Новинари од Балканот кои покриваат политички и економски прашања, најдоцна до 4 март 2012г, може да конкурираат за учество во програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“, која ја спроведуваат фондациите Роберт Бош и Томсон Ројтерс.

Поттикнувањето на квалитетното аналитичко новинарство и на известувањето за економските прашања, покривањето теми кои се централни за регионалниот и политичкиот развој, како и охрабрување на регионалната соработка меѓу новинарите, претставува главна цел на оваа програма која е започната во 2007г.

Како дел од годинешната програма, 16 избрани новинари од Балканот, ќе имаат можност да учествуваат на две двонеделни обуки во Германија и Велика Британија, под водство на искусни тренери од фондацијата Томсон Ројтерс. За учесниците, исто така, се предвидени патувања во Брисел и Франкфурт, каде ќе се сретнат со креатори на политика, како и со претставници од бизнисот, граѓанското општество и медиумите.

Курсот ќе ги опфати следните теми:

• Пишување за пазарните економии во развој
• Известување за пазари и за компании
• Практични вежби, засновани на актуелни европски теми

Апликантите треба да зборуваат англиски јазик, професионално да се занимаваат со новинарство, да имаат најмалку две години работно искуство во весник, веб страница, радио или телевизија. Заинтересираните треба да имаат искуство во покривање на економски теми или поинаку да го демонстрираат своето интересирање за економски или политички прашања.

Програмата е отворена за новинари од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија или Словенија. Тие мора да имаат дозвола од своите работодавачи за да учествуваат во програмата.

За повеќе информации околу условите и начинот на аплицирање посетете ја следната веб страница: http://www.bosch-stiftung.de/content/language2/html/11260.asp