Дигитализацијата - и страв и непознаница за помалите медиуми

Се чита за 0 мин.

Нејаснотиите околу претстојниот процес на дигитализација, сиромашниот и презаситен медиумски пазар, недостатокот на финансии и на стручен кадар, се само дел од клучните проблеми со кои се соочуваат локалните медиуми во Македонија. Ова беше истакнато на вчерашната работна средба што се одржа во МИМ, а на која присуствуваа 15 сопственици и главни уредници од локални медиуми.
Меѓу другото, на средбата уште еднаш беше нагласен проблемот со високиот надоместок од 4% од бруто годишниот приход што медиумите го плаќаат на Здружението за заштита на авторски музички права, како и  нетранспарентната распределба на овие средства од страна на ЗАМП.

На средбата беше претставен Акциониот план за подобрување на состојбите со медиумите во земјава, со посебен акцент на деловите од планот кои се однесуваат на состојбата со локалните медиуми. Акцискиот план, што го изработија МИМ и ЗНМ заедно со претставници на медиумската заедница, треба да послужи како платформа врз која ќе се градат и ќе се имплементираат натамошните политики и чекори во правец на подобрување на медиумската состојба во Македонија. Пред учесниците на средбата беше презентирана и aнализата „Развојот на медиумите во Македонија според индикаторите на УНЕСКО“, што ја подготви група автори, а ќе биде објавена деновиве. Истакнатите приоритети и потреби на локалните медиуми МИМ ќе ги вклучи во својот план за работа за 2012 година.

 

{moocasa url="https://picasaweb.google.com/data/feed/base/user/117196877178514474988/albumid/5701540695707161521?alt=rss&kind=photo&hl=en_US"}