Повик за доставување понуди за истражување на ставовите на младите во врска со погрешните информации

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми објавува јавен повик за доставување понуди за спроведување истражување на ставовите на младите во врска со погрешните информации и манипулации во јавната сфера, особено на интернет.

Понудувачот треба да спроведе телефонска анкета на репрезентативен случаен примерок за перцепциите на младите луѓе (15-34 години) од Источниот и Југоисточниот дел од земјата. Истражувањето треба да се спроведе најдоцна до крајот на годинава. Понудата треба да вклучува:

  • Развивање и подготовка на прашалник. Истражувачката агенција во соработка со тимот истражувачи на МИМ ќе развие и ќе подготви прашалник;
  • Дизајнирање репрезентативен примерок (број на испитаници, возраст на испитаниците, утврдување на времетраењето на анкетата);
  • Спроведување на истражувањето на репрезентативен примерок. Истражувањето треба да се спроведе во текот на првата половина на декември 2022 година;
  • Подготовка на извештај за наодите од истражувањето и вкрстување на податоците.

Критериуми и рок за доставување на понудите

На повикот може да учествуваат агенции за истражување кои имаат искуство со дизајнирање и спроведување телефонски анкети. Заинтересираните понудувачи можат да испратат понуда до МИМ исклучиво по електронски пат на следната е-пошта:  povici@mim.org.mk. Понудите треба да се испратат најдоцна до 30 ноември 2022 година (до 17:00 часот) и треба да содржат опис на услугата и цена. МИМ ќе одлучува врз основа на квалитетот на понудата, брзината на изработка, понудената цена и искуството на понудувачот.

Kонтакт

За повеќе информации: тел. 02 30 90 144 или на е-пошта: povici@mim.org.mk.

Скопје, 16 ноември 2022