Документарен филм „Товарот на искуството“

Се чита за 0 мин.

„Товарот на искуството“ е документарен филм посветен на различните форми на вознемирување и закани врз новинарките при извршување на професионалните задачи. Преку личните приказни на новинарките Вања Стокиќ, Наташа Ковачев и Сербезе Хаџиај дознајте со што се соочуваат медиумските работници кога отвораат тешки теми, кога поставуваат провокативни прашања, кога го истражуваат системот, кога упатуваат на неправди.

Документарниот филм е продуциран во рамките на регионалната програма „ОТПОР: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување на дезинформации и пропаганда за ширење на омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција“, имплементирана со финансиска поддршка од Европската Унија, од страна на партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот медиумски институт, Медиацентар Сараево, Косово 2.0, Институтот за медиуми на Црна Гора, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската новинарска школа, Мировниот институт и Бианет.