Предмет: Барање за понуда за подготовка и испорака на храна и пијалоци за обуки

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Бирото за развој на образованието, во периодот од 22 август до 9 септември 2022 година организираат дводневни обуки за наставници (бројот на наставници, термините и градовите на одржување на обуките се дадени во прилог на барањето понуда).

Понудувачот е дожен да подготви и обезбеди до утврдената локација наведена во анексот,* пакет намирници за секој учесник на обуката:

  • Ладен сендвич (лепиња, кашкавал, говедска/пилешка салама, сезонска салата)/(или) пециво (пита, баничка) од 200 грама
  • Безалкохолен пијалок од 500 мл
  • Кафе

*Називот на конкретните училишта во кои ќе се спроведуваат обуките и контакт личност ќе бидат обезбедени откако ќе биде избран понудувачот.

Храната треба да е спакувана согласно стандардите за безбедност на храна, да има обезбедено хартиени/пластични чаши, спакувано кафе, шеќер и прибор за јадење.

Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци на добавувачот (подготовка, пакување и дистрибуција на храната до наведената локација).

Цената на понудата треба да биде изразена во денари (со одделно изразен ДДВ) и да се однесува на поединечен оброк за учесник.

Понудите да бидат доставени на електронска адреса mim@mim.org.mk, најдоцна до 5 август 2022 година.

pdfАНЕКС176.67 KB