Истражувања

Med.finansiranje 001

Медиумските слободи „зауздани“ со јавни пари

Финансиската „поддршка“ на медиумите со буџетски средства им е добро познат модел на сите власти во Македонија во изминативе години. Резултатите од неговата експлицитна злоупотреба се особено видливи на медиумскиот пазар во последниве години.
Televizija1

Извештај „Потребен е независен модел на медиумски субвенции за домашно производство“

Филмските и документарните програми од домашно производство се вистинска реткост на домашните телевизии, за разлика од евтините серии кои моментално доминираат на ТВ екраните. Комерцијалните ТВ станици и јавниот радиодифузен сервис МРТ од 2014 година имаат законска обврска да произведуваат и емитуваат домашна филмска и документарна програма, за која Владата обезбедува финансиска поддршка во висина од 50 отсто од вкупните трошоци за продукција.
Tv Camera

Извештај „Транспарентноста на регулаторот зајакната, но не е целосно спроведена“

Независноста на регулаторното тело претставува едно од најспорните прашања во областа на медиумската политика во изминатите две децении. И покрај тоа што новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (2013) дополнително ги зајакнува основите за зголемување на транспарентноста и одговорноста во работењето на регулаторот, во праксата има случаи кога правилата не се почитуваат.
Strategija

Публикувана Граѓанската стратегија за спречување судир на интереси во јавната администрација

Транспарентност, јавни набавки, вработување, унапредување, мобилност и систем на заслуги, се главните теми на Граѓанската стратегија за спречување судир на интереси во јавната администрација. Стратегијата, која заеднички ја подготвија 17 граѓански организации од земјава, претставува документ на патокази преку кој организациите можат да ја темелат својата идна работа и активности во спречувањето судир на интереси и подобрување на антикорупциските политики.
Analiza 001

Анализа: Колективниот договор – нужност за подобрување на работните услови на новинарите

Недостиг на социјална и економска стабилност, непостоење колективни договори, изразена цензура и автоцензура во медиумите, се некои од предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници на нивните работни места во редакциите низ Македонија. Ситуацијата би се подобрила доколку новинарската работа е регулирана со договор и доколку е дефинирана минималната плата.
Med.op

Промовиран извештајот „Зошто е важен интегритетот на медиумите“

Извештајот ги содржи резултатите од истражувањето спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска со цел да се посочат пречките во демократскиот развој на медиумските системи во земјите од Југоисточна Европа преку мапирање шеми на коруптивни односи и практики во развојот на медиумските политики, сопственоста на медиумите и финансирањето, функционирањето на јавниот сервис и на новинарството како професија.
Promocija.a

Белата книга и Актив.мк - нови алатки за соработка меѓу ГО и медиумите

Граѓанскиот сектор кој се занимава со прашањата поврзани со човековите права претставува богат ресурс  за новинарите, за истражувачкото новинарство, но и за инклузивното новинарство, кое треба да се стреми да ги вклучи различностите на разновидни начини - во рамките на секој новинарски производ и во секојдневното функционирање на медиумот. Граѓанските организации и медиумите се упатени на меѓусебна соработка за да може полесно да се идентификуваат и обелоденат  случаите на прекршување на човековите права, да се подигне јавната свест за овие прашања, и да се зголеми влијанието на граѓанскиот сектор.
Sloboda2

МИМ ги достави забелешките кон Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги

Македонскиот институт за медиуми денес ги достави забелешките кон Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги до надлежното Министерство за информатичко општество и администрација. Забелешките, како и предлозите за измени на текстот на законот можете да ги погледнете во документот кој што е прикачен во прилог.
Izboren Zakon

Доставени предлози за измени во Изборниот законик

Во прилог на дискусијата во врска со измените на Изборниот законик, ЗНМ, ССНМ и МИМ до Собранието на Р.Македонија доставија забелешки и предлози за измени и дополнувања на деловите од законот кои се однесуваат на медиумите. Во дописот потсетуваме и укажуваме на следните три проблематични делови од постоечкиот Изборен законик, кои медиумската заедница ги оцени како спорни при изработката на Акцискиот план за подобрување на медиумската состојба, документ што беше јавно претставен и доставен до сите релевантни актери во март 2012 година: