Едукација

PwD Obuka

Започна работилницата „Нека се чуе вашата порака!“ за лицата со попреченост

„Нека се чуе вашата порака!“  е насловот на тридневната работилница која почнува денеска во Скопје и е наменета за граѓански организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост во земјава. Двајца домашни и странски обучувачи ќе им помогнат на учесниците да ги подобрат своите комуникациски вештини користејќи ги онлајн и традиционалните медиуми. Претставници на четиринаесет граѓански организации од земјава кои што работат со лица со попреченост ќе бидат запознаени со медиумските алатки и техники за подигање на видливоста на нивните организации, преку практичен пристап, развивање на медиумска кампања, како и менторска поддршка за сите граѓански организации при натамошно развивање и имплементирање на нивните идеи за медиумските кампањи. Оваа активност е дел од проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, имплементиран од Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, а финансиски поддржан од Европската Унија. Целта е да се зголеми видливоста преку медиумите и да се подобри јавната перцепција на лицата со попреченост, како неопходен предуслов за нивно активно учество во јавниот живот и за еднаков третман при практикување на правата и слободите. Работилницата почнува на 3 Мај, Денот на слободата на медиумите, со што симболично се испраќа порака дека медиумите треба да овозможат поголем простор и видливост со цел да се слушне гласот и на маргинализираните и ранливите групи, што е важен сегмент од слободата на изразувањето на сите сегменти во едно демократско општество.
Rab.civ2

Новинарски стории за граѓански теми

Македонскиот институт за медиуми, во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, организираше еднодневна работилница за продукција на новинарски стории на теми од областите на делување на граѓанските организации кои се дел од програмата ЦИВИКА Мобилитас.
Reformedia2 001

Работилница за истражувачи на теми од медиумската сфера

Десет истражувачи и претставници на медиумски и граѓански организации од Македонија учествуваа на работилницата за дизајнирање и планирање применети и акциски истражувања во медиумската сфера, што ја организираше Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Мировниот институт од Љубљана, од 23 до 25 јуни во Охрид.
Struga

Работилници за планирање на ефикасни интерактивни јавни презентации во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието

Како да комуницираме со различни целни групи, како да подготвиме ефикасни јавни презентации, како да препознаеме стереотипи и говор на омраза и да го избегнеме нивното користење во училиштата и јавната комуникација? Ова се само дел од содржините кои беа опфатени на работилниците со членовите на училишните тимови за интеграција, што се одржаа во текот на 2013 и 2014 година.
Youth Via Media Skopje 003

Обуки за продукција на мултимедијални содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието

Речиси петстотини наставници и ученици од средните училишта од цела Македонија учествуваа на обуките за продукција на мултимедијални содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието, што ги спроведуваше Македонскиот институт за медиуми, како дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Mreza 001

Обуки за граѓански организации за застапување и комуникациски вештини

Активисти од десеттина граѓански организации во текот на октомври 2014, како дел од проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“, беа обучени за застапување и комуникациски вештини.
Ob.ohrid1

Интернет алатки за ефективни истражувачки приказни

Како истражувачкото новинарство може да помогне во заштита на човековите права и како да се користат можностите што ги пружаат новите технологии за прибирање податоци и ефективна визуелизација на истражувачките приказни, беа некои од темите на тридневната обука за истражувачко новинарство што ја организираше МИМ.
Obukaohrid

Во Охрид одржани обуки за Унапредување на медиумската писменост во образованието

Како дел од проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“, во организација на Македонскиот институт за медиуми и Институтот за демократија, со поддршка на програмата “Матра“ од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, од 21 до 24 јуни, во Охрид, се одржаа четири обуки за наставници и професори по мајчин јазик од охридско-струшкиот регион.
Dsc 0290

Спроведена обука за користење Интернет платформи за промоција на граѓанскиот активизам

Вкупно 15 претставници од 9 граѓански организации учествуваа на обуката за користење Интернет платформи за промовирање на активностите и резултатите на граѓанските организации, што се одржа од 16 до 18 декември 2009 година во просториите на МИМ.