Потсетник за проверка на факти

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми подготви информативен постер кој содржи практични насоки, инструкции и ресурси за проверка на сомнителни информации. Содржината на постерот е резултат на бројни тематски обуки и работилници за новинари од земјава и од регионот за справување со дезинформации.

Иако проверката на информациите е стандардна практика во новинарството, поради постојаното менување на трендовите, проверката на содржините кои се достапни преку интернет понекогаш бара дополнителни чекори, а некои од нив се илустрирани на постерот.

Постерот на македонски и албански јазик е прикачен во прилог.

This browser does not support inline PDFs. Please download the PDF to view it: Download PDF

Постерот е подготвен во рамки на проектот „Промовирање на медиумската и информациската писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“, што го спроведува Албани асошиејтс од Лондон, заедно со регионални организации за развој на медиумите, меѓу кои и Македонскиот институт за медиуми. Проектот е финансиран од Британската влада.

pdfПотсетник за проверка на факти - МК357.07 KB
pdfПотсетник за проверка на факти - АЛБ304.98 KB