МИМ го поддржува новинарскиот протест

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) изразува поддршка на  иницијативата покрената од страна на Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници и Здружението на новинарите на Македонија за протестниот марш за солидарност закажан за утре, 4 јули, во пет до дванаесет пред просториите на ЗНМ.

Ги повикуваме сите наши соработници и колеги новинари и медиумски професионалци да се приклучат кон овој протест, со цел да ги поддржиме  барањата на организаторите, за кои цениме дека се од големо значење за надминување на проблемите во медиумите. 

Истовремено, изразуваме сериозна загриженост за најавеното затворање на весниците Време, Шпиц и **** е Ре, како и за најавите за редуцирање на информативната програма и  функционирањето на А1 ТВ.  Укажуваме на неопходноста од неселективна и доследна примена на законите и процедурите во постапките на надлежните органи поврзани со издавачот и сопственикот на споменатите медиуми. Секое затворање на медиум е загуба за демократијата и за јавната дебата, како главен инструмент за контрола  и влијание врз носителите на моќта во општеството.
МИМ, како граѓанска организација која 10 години придонесува во развојот на независноста и професионализмот во медиумите, повторно апелира до сопствениците на медиумите, до сите надлежни институции и до колегите во медиумите, за конечно преземање на суштински чекори за надминување на проблемите во медиумската сфера,  за кои континуирано предочуваме, апелираме и се залагаме за изнаоѓање решение подолг временски период, а особено по настаните и случувањата од 25 ноември, 2010 година.

 

Dsc 5224

 

Dsc 5249