Живот во мрежата

Се чита за 0 мин.

Користењето на социјалните медиуми за потребите на граѓанските организации не е воопшто едноставно. Поголема грешка е да се отворат профили и страници само колку да се имаат, отколку воопшто да не се отворат. Но, доколку социјалните медиуми правилно се користат, придобивките се поголема видливост, подобра интеракција со целните групи, подобра поврзаност со луѓето и организациите што имаат слични цели и активности, и многу повеќе.

 

Корисни совети за правилно користење на социјалните медиуми може да прочитате во прирачникот прирачникот „Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор – Стратегиски настап и техники за влијание“:https://mim.org.mk/mk/publikacii/1198

 

eu flag webВидеото е поддржано преку проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Содржините во видеото се единствена одговорност на МИМ, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.