Времетраење: 2018 - 2020

Донатор: Европска Унија

Опис: Целта на проектот е преку унапредување на писменоста за вести и на дигиталната писменост, да се подобри ефективноста, одговорноста и етиката меѓу припадниците на граѓанското општество и на новинарите при користењето на правото на слобода на мислење и изразување.

Проектот ќе придонесе кон зголемување на знаењето на граѓанските организации со цел да можат ефективно да се справуваат со лажните вести и неетичкото известување во медиумите, ќе им помогне на корисниците на социјалните медиуми да станат информирани консументи на онлајн вести и информации и активни граѓани кои одговорно се однесуваат онлајн. Исто така, проектот ќе поттикнува дебата за писменоста за вести и дигиталната писменост меѓу новинарите, со акцент на економските и социјалните услови за унапредување на слободата на изразување.

Активностите се дизајнирани во насока на зајакнување на знаењата и капацитетите на целните групи, за тие да можат понатаму да ја промовираат писменоста за вести и дигиталната писменост, како во медиумската индустрија, така и меѓу пошироката публика. Дел од нив предвидуваат обуки, менторирање и регрантирање на граѓански организации, подготовка на стратегија за социјалните медиуми, како и истражување за мотивациите на корисниците на социјалните медиуми и разновидни едукативни ресурси (видеа, туторијали, блог-постови, онлајн квизови). Дополнително, ќе се спроведуваат кампањи и медиумски настани наменети за корисниците на социјалните медиуми, новинарите и граѓанските организации, ќе се организира годишна награда за медиуми кои го промовираат новинарството во јавен интерес и ќе се објавуваат месечни публикации за медиумските професионалци.

 

Актуелно

Медиумската писменост да се воведе во формалното образование

Медиумската писменост е неопходно да се вклучи во образовниот процес уште од најрана возраст на децата, при што треба…

Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор – Стратегиски настап и…

Здруженијата на граѓани имаат мошне значајна улога и претставуваат влијателни актери во создавањето свесност за широк…

Говор на омраза - да се известува или не?

После инцидентот на Скопското кале кој се случи на 13 февруари 2011 година Комитетот за односи меѓу заедниците одржа седница…

Дел од медиумите ги уриваат темелите на новинарската професија

Џозеф Пулицер, врвен американски новинар, на неговиот тим му наложил едноставно правило, кое е едно од основите во…
baner3.jpg
Civica_Logo_original.jpg
seenmp.jpg
mccm.jpg
sd.jpg