Етика и новинарството во Југоисточна Европа

Истражувањето насловено како „Етиката и новинарството во регионот на Југоисточна Европа“.

Истражувањето насловено како „Етиката и новинарството во регионот на Југоисточна Европа“, поддржано од Мрежата за професионализација на медиумите во земјите од Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), беше спроведено во периодот меѓу март и јули 2005 година со цел да се направи компаративна анализа на новинарската професија во време на транзиција, политички тензии и изборни борби.

Беше употребен модел на длабинско истражување со тематски, лице в лице интервјуа. Прашањата беа подготвени претходно, а одговорите се даваа во слободна форма. Истражувањето во рамките на проектот на СЕЕНПМ „Етика и новинарство“ истовремено беше спроведено од следниве центри:

  • Центар за медиуми - Белград, Србија
  • Центар за развој на медиумите - Софија, Бугарија,
  • Медија план институт - Сараево, Босна и Херцеговина
  • Албански институт за медиуми - Тирана, Албанија
  • Меѓународен центар за едукација на новинари - Опатија, Хрватска
  • Македонски институт за медиуми - Скопје, Македонија

Главната цел на истражувањето беше да се идентификува заедничка стратегија за подобрување на новинарската професија врз основа на оценетата ситуација.
Истражувачите се обидоа да откријат до колкав степен новинарите се свесни за етичкиот кодекс, дали дејствуваат во согласност со него и дали се приклонети кон критикување на другите поради кршење на правилата. Истражувачите се обидоа да одредат дали новинарите биле жртви на околностите, внатрешнополитички борби, присилна лојалност, правичност по сопствено убедување или, генерално, лош вкус. Тие, исто така, се обидоа да откријат дали и зошто постои морална ерозија во медиумите.