Семинар за ЕУ институциите во Луксембург

Reading time: 0 minute(s)
Lux013 Lux027 Lux039
Како функционираат институциите на ЕУ и како македонските медиуми известуваат за европските прашања се темите за кои 15 новинари расправаа на семинарот „Фокусирање на институциите на ЕУ лоцирани во Луксембург“, што Високата школа и МИМ го организираа во соработка со Европскиот новинарски центар. Новинарите се запознаа како се креираат политиките и како се носат одлуките во правните и економските институции на ЕУ преку предавањата на експерти и на претставници на Делегацијата на Европската комисија. Семинарот им го приближи на учесниците работењето на институциите, што ќе придонесе за квалитетот на новинарското известување на оваа тема.
Lux060 Lux022 Lux056
На дебата организирана како дел од семинарот се потенцира дека новинарите засега известуваат површно за европските прашања, кои не ги познаваат доволно, но немаат ниту доволен пристап до релевантните информации. На крајот од семинарот учесниците посетија успешен проект што е финансиран од ИПА фондовите - системот на комуникации на Царината. Во наредните пет дена новинарите ќе ги посетат институциите на Унијата во Луксембург: Судот на правдата на ЕУ, Европската инвестициона банка и ЕУРОСТАТ.