SCOOP - Семинар за истражувачко новинарство во Јануари во МИМ

Reading time: 0 minute(s)
 

Scoop

SCOOP-Мрежата за истражувачко новинарство во Источна и Југоисточна Европа поканува дваесетина новинари од печатени и електронски медиуми, како и слободни новинари да учествуваат на семинар кој ќе се одржи на 17 јануари од 10-16 часот во просториите на Македонскиот институт за медиуми. Претставници од SCOOP на семинарот ќе ја претстават работата на оваа мрежа во Македонија и пошироко. SCOOP во своите редовни активности планира поддршка на истражувачки стории од земјава, а поради одржување на семинарот, крајниот рок за поднесување апликации за истражувачките стории се поместува од први јануари на први февруари. Доколку имате идеја за истражувачки стории и сакате да дознаете за можностите за нивно финансирање ве молиме испратете ваше кратка биографија до нашата организација надоцна до 8-ми јануари. Вашето CV можете да го испратите на двајцата SCOOP координатори во Македонија, Џелал Незири: xhelal24@hotmail.com и Жаклина Хаџи-Зафирова: zaklina.zafirova@gmail.com