Средношколци дискутираа за подобрување на меѓуетничките односи

Reading time: 0 minute(s)



Mvm4На работилницата свое излагање имаше професорот Рубин Земон, кој на присутните им ја претстави суштината на поимите мултикултурализам и општество на различности, значењето на толеранцијата како темелна претпоставка на цивилното општество и третманот на прашањата на заедниците во Македонија. Комуникологот Петрит Сарачини, пак, се осврна на начините на известување за различности и за влијанието на медиумите врз креирањето на стереотипи и предрасуди во однос на припадниците од другите заедници.

Во рамки на проектот е креирана и првата средношколска веб платформа www.multiviamedia.com.mk, на која, средношколците поставуваат свои текстови, фотографии и видео приказни кои го отсликуваат мултикултурализмот од различни аспекти на човековото живеење.

Овој проект финансиски е поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Mvm3