Во вторник доделување на наградите од конкурсот за “Најдобра истражувачка сторија на годината - 2010“

Reading time: 0 minute(s)

IsМакедонскиот институт за медиуми по десетти јубилеен пат ги доделува наградите за „Најдобра истражувачка сторија на годината 2010“. Настанот ќе одржи на 12 април 2011 година, во Клубот на новинарите, со почеток во 11:00 часот.
На годинешниот конкурс се пријавија 37 автори со вкупно 110 текстови и ТВ прилози кои беа објавени во печатените и во електронските медиуми во текот на минатата година.   
Наградата се доделува традиционално веќе десет години со цел да го поттикне и промовира истражувачкото новинарство во земјава. И годинава организацијата на наградата е целосно финансирана од Македонскиот институт за медиуми.
Медиумската промоција за наградата беше помогната од дневните весници Дневник, Утрински весник, Шпиц, Време, Коха и Лајм.
За повеќе информации на: 02/ 30 90 004, slavco@mim.org.mk