Медиумите треба да го остваруваат јавниот интерес

Reading time: 0 minute(s)

Lideri

Медиумите се главните посредници меѓу лидерите и граѓаните, но тој простор често е корумпиран, па се заборава јавниот интерес на сметка на политички и економски приоритети. Ова учесниците на Школата за лидери им го посочија на македонските уредници на дебатата „Медиумите и лидерството“, што во Охрид ја организираа Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Идните лидери сметаат дека пропагандните машинерии на политичките и економските центри на моќ ги користат медиумите за да ги реализираат сопствените наместо општествените цели.

Уредниците од А1, Сител, Алсат, „Дневник“, „Капитал“ и „Коха“ велат дека во медиумите често се наметнуваат лажни лидери, кои се стремат да исполнат приватни агенди. Тие им порачаа на учесниците на Школата како идни лидери да ги почитуваат слободата на изразување, пристапот до информациите и независноста на медиумите, за да можат да го остваруваат јавниот интерес.

Школата за лидери се одржува под покровителство на претседателот на РМ Ѓорге Иванов и на неа учествуваат околу 40 учесници од Македонија и дијаспората.