Тркалезна маса „ Редакциски механизми и саморегулација во медиумите во Македонија “

Reading time: 0 minute(s)

Целта на оваа тркалезна маса е иницирање дијалог помеѓу сите релевантни чинители на македонската медиумска сцена за важноста на саморегулацијата во медиумите и придобивките од нејзината примена. Настанот се организира како дел од проектот ИПА 2007 – Регионална програма за медиуми и граѓанско општество во Југоисточна Европа: Поддршка за усогласување со ЕУ стандардите, финансиран од Европската комисија и УНЕСКО, а спроведуван од Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), чијшто член и основач е и МИМ.

Воведни обраќања на тркалезната маса ќе имаат  Билјана Петковска директор на МИМ, Роберт Поповски, претседател на ЗНМ, Огњан Златев, проектен консултант и директор на Центарот за развој на медиумите од Софија. Европските искуства од областа на медиумската саморегулација ќе ги презентира професорот Роберт Пинкер, претставник на Комисијата за жалби против печатот од Велика Британија. Теодора Чаусидис во својство на претседател на Советот на честа при ЗНМ ќе ги претстави искуствата од работата на Советот.

Тркалезната маса е отворена за учество на сите заинтересирани претставници на медиумите и медиумски експерти.