Завршна конференција за Проектот за поддршка на примената на Законот за слободен пристап до јавни информации

Reading time: 0 minute(s)

На настанот воведни обраќања ќе имаат Јанко Николовски, претседател  на Комисијата, Ибрахим Ибрахими, заменик-министер за правда на Република Македонија и Андру Ки,  амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија.  

Во рамките  на конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од двегодишната имплементација на Проектот, а ќе биде промовирано и изданието „Три години од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: Примери од досегашната работа на Комисијата“.  

Целта на Проектот беше, преку обуки, промотивни материјали и кампања, да се поддржи имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да се зајакнат капацитетите на јавната администрација за професионална комуникација со медиумите и со јавноста, заради зголемување на економската и политичката транспарентност и отчетност.  

Проектот  беше реализиран со финансиска поддршка на Британската амбасада во Македонија.