Студиска посета на Косово на уредници од 5 земји од регионот

Reading time: 0 minute(s)
Во рамките на проектот “Косово и медиумите”, МИМ, во соработка со Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа СЕЕНПМ и Косовскиот институт за медиуми организира посета на Косово за главни уредници и за уредници за надворешна политика на 10 влијателни медиуми од Србија, Хрватска, Албанија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Оваа студиска посета, која ќе се одржи од 29 јуни до 2 јули 2009,  е во функција на подобрување на врските помеѓу медиумските професионалци и запознавање на претставниците на медиумите од регионот со состојбите на Косово од прва рака. Во рамките на посетата тие ќе остварат средби со високи државни претставници, претставници на меѓународната заедница, и претставници на најрелевантните косовски медиуми и медиумски организации.