Доделување на новинарските награди "Најдобра истражувачка сторија - 2007"

Reading time: 0 minute(s)

Втората награда и припадна на Маја Блажевска од телевизија А1, за сторијата „Бездомник наместо милионер - приказна за Идриз Идризи од Мала Речица” додека третата награда им беше доделена на Џелал Незири и Марјан Николовски за сторијата објавена во дневните весници Факти и Вечер „По трагите на корупцијата во верските институции во Македонија”.

Одлуката за овогодинешните награди ја донесе независната комисија во состав:
Александар Чомовски, уредник во телевизија А1; Љупчо Поповски, главен и одговорен уредник на дневниот весник Утрински весник; Назим Рашиди, радиодописник на БиБиСи; Фатос Муслиу, извршен уредник во МТВ на програмата на албански јазик и Зоран Андоновски; одговорен уредник на дневниот весник Нова Македонија.

Оваа година на конкурсот кој беше отворен од 15-ти јануари до 15-ти февруари 2008 година, се пријавија вкупно 38 новинари и редакции со вкупно 64 стории објавени во медумите во Македонија во текот на минатата година.

Наградата се доделува веќе седма година по ред со цел да го поттикне и промовира истражувачкото новинарство во земјава. Доделувањето на наградите годинава во целост го финансира Македонскиот институт за медиуми. Медиумската промоција беше помогната од Време, Дневник, Утрински весник, Вест, Шпиц, Факти, Радио Слободна Европа и ТВ Тера, Битола. Реализацијата на манифестацијата ја помогна Скопски саем.