Проект за зајакнување на граѓанското општество

Reading time: 1 minute(s)
 

Филмовите и видео сториите се реализираа во соработка со реномирани продукциски и телевизиски куќи од земјава, и беа објавени на најзначајните национални и локални ТВ станици.

Грантовите за промовирање на резултати ги додели МИМ во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од страна на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), а имплементиран од партнерски конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).

 

Новинарски форум за филантропија

 

На 26 март, МИМ заедно со Центарот за институционален развој (ЦИРа), кој е исто така дел од партнерскиот конзорциум на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, организираа форум со новинарите од македонските медиуми, на кој ги претставија успесите на програмата на филантропија раководена од ЦИРа.

Младинскиот совет од Охрид, Фондацијата Фокус од Велес и НВО Отворете ги прозорците ги претставија нивните успеси во собирање на средства од локални донатори и бизниси, искористени за поддршка на граѓански инцијативи и помош во заедницата. Овие три граѓански организации и ЦИРа, преку конкретни, илустративни и ефективни презентации ги запознаа медиумите со начините преку кои ги мотивирале граѓаните и домашните бизнисмени да донираат средства за реализирање на проекти и активности значајни за општеството.

 

Заврши циклусот на радио и ТВ емисии за граѓанското општество

 

Во рамките на Проектот на зајакнување на граѓанското општество, МИМ продуцираше серија од 22 ТВ и 12 радио емисии на граѓански теми. Емисиите се емитуваа во периодот од ноември 2007 до почетокот на април 2008 на 3 национални (Канал 5, Алсат М, Македонско Радио 2) и 5 локални телевизии (ТВ Тера-Битола, ТВ Ера - Скопје, ТВ Вис - струмица, ТВ Менада - Тетово, ТВ Калтрина - Струга).

Во рамките на емисиите се реализираа интервјуа со повеќе експерти и се претставија активностите на над 50 граѓански организации во разни општествени области, како филантропијата, волонтерството, образованието, здравството, човековите права, заштитата на човековата средина, младинските и културните иницијативи, соработката помеѓу граѓанскиот сектор, бизнисите и локалните и централните власти, учеството на граѓаните во процесите на донесување одлуки итн.

Телевизиската емисија се реализираше во соработка со Радио Слободна Европа, и се емитуваше како втор дел од емисијата Неделно интервју.