МИМ ги додели наградите за „Најдобра истражувачка сторија – 2008“

Reading time: 1 minute(s)

Второнаградена е Наташа Бошковска од весникот Нова Македонија со приказната „Храната на македонските пазари“, а третата награда им припадна на новинарите Урим Хасипи и Бардуљ Заими за сторијата „Пиратеријата во Македонија“ објавена во весникот Факти.

Поради големиот број квалитетни стории кои пристигнаа на годинашниот конкурс, беа поделени и четири пофалници за новинарите: Владимир Тевчев за случајот „Топилница“ објавен на ТВ А1 и во весникот Време, Весна Коловска за радио-сторијата за „Ромските деца на улица“ објавена на радиото Канал 77, Мери Јордановска, за текстовите на тема „Империјата на Софрониевски и на Антиќ“, објавени во весникот Нова Македонија и Атанас Кировски, за текстовите на тема „Македонски идентитет“, објавени во магазинот Форум.  

Одлуката за наградите и за пофалниците ја донесе независна комисија во состав: Сашо Кокаланов, главен и одговорен уредник на дневниот весник Дневник, Бесим Илјази, главен уредник на Коха , дневен весник на албански јазик, Снежана Лупевска, заменик главен уредник во ТВ А2 , Борис Георгиевски, уредник во ТВ Алсат М и Столе Наумов, уредник во Канал 77. Комисијата посебно ги истакна емисијата Код и весникот Нова Македонија како проект и редакција кои особено придонесуваат кон унапредување на истражувачкото новинарство во Македонија.  

Наградата се доделува веќе осма година по ред со цел да го поттикне и промовира истражувачкото новинарство во земјава. Годинава, доделувањето и организацијата на наградата, е целосно финансирано од Македонскиот институт за медиуми. 
 
За да пристапите до наградените стории одете на следниот линк.
 
За да го преземете извештајот на жири-комисијата одете на следниот линк.

 

OVAA%201%20nagrada 8 OVAA%201%20nagrada 7VTORA%20NAGRADA%20mim 10TRETA%20NAGRADA%20%20OVAA%20mim 11TRETA%20NAGRADA%20OVAA%20mim 12OVAA%20pofalniciOVAA%20ziri%20mim 17