ОСВРТ кон прашањето на саморегулацијата во медиумите во Македонија

Reading time: 0 minute(s)

Овoј документ  е втор во циклусот анализи предвидени за 2010 година и е  посветен на прашањето за медиумската саморегулација во Република Македонија.  Документот ги опфаќа сите најзначајни прашања поврзани со медиумската саморегулација: функциите и важноста на медиумската саморегулација, медиумската саморегулација како замена за судските постапки во врска со објавени содржини во медиумите, разликите помеѓу регулацијата и саморегулацијата на медиумите, формите на медиумска саморегулација и облиците на финансирање, како и искуствата со медиумската саморегулација во Македонија. Главната цел на документот е да се согледаат позитивните искуства од саморегулацијата и да се  поттикне воведувањето различни облици на саморегулација во медиумската сфера. За таа цел, на крајот од документот се дадени и предлог-препораки за натамошни активности за зајакнување на принципот на саморегулација во медиумите во Македонија.