Семинар за новинари “НАТО и регионалната безбедност” кон крајот на мај во Варна

Reading time: 0 minute(s)

Nato FlagОд 26 до 29 мај 2011 во Варна, Бугарија, во организација на Центарот за развој на медиумите од Софија и Фондацијата Конрад Аденауер, ќе се одржи семинар на тема НАТО и регионалната безбедност, каде што се поканети новинари од медиумите од регионот. Семинарот ќе коинцидира со пролетниот самит на Парламентарното Собрание на НАТО, која ќе се одржува во исто време во овој град на брегот на Црното Море.
Освен учеството во корисните панел - дискусии на семинарот и можноста да се чујат видни меѓународни експерти од оваа област, ова ќе биде одлична прилика за новинарите да присуствуваат и на почетните сесии за отворање на самитот на Парламентарното Собрание на НАТО, и да го искористат присуството на високи претставници на Алијансата и на земјите-членки за да продуцираат интересни и ексклузивни содржини за нивните медиуми.    
Заинтересираните новинари од редакциите од Македонија можат да го пријават своето учество на е-адресата saracini@mim.org.mk најдоцна до 11 април 2011. Предност имаат новинари/уредници кои го водат секторот надворешна/регионална политика во своите медиуми, со над 3 годишно искуство во покривање на теми од меѓународната или регионалната сцена. Бројот на слободни места за семинарот е многу ограничен, а изборот на учесници ќе се врши по принципот ‘прв дојден – прв  услужен’. Организаторите ќе ги сносат сите трошоци за престојот на новинарите на овој семинар (транспорт, виза, сместување, храна).

За дополнителни информации:
Петрит Сарачини,
раководител на програми
Македонски институт за медиуми
Тел: (0)2 30 90 004, е-пошта: saracini@mim.org.mk