КОНКУРС за Најдобра истражувачка сторија за 2010

Reading time: 0 minute(s)

Is

Истражувачкото новинарство создадено според професионалните и етичките стандарди е клучен доказ за функционирањето на демократијата. Истражувачките стории се најдобар инструмент со кој медиумите ја остваруваат улогата на чувари на вистината и контролори на моќта на институциите и поединците.
Како дел од своите континуирани заложби за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава, во десеттата, јубилејна година од своето постоење, Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, го објавува конкурсот за доделување на престижната новинарска награда:
 
НАЈДОБРА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА НА ГОДИНАТА – 2010
 
Ги покануваме сите професионални новинари и редакции во Македонија да поднесат една или повеќе истражувачки стории што ги објавиле во текот на 2010 година. 
 
Најдобрите истражувачки стории треба да:
• претставуваат автентично новинарско истражување спроведено од самиот автор;
• откријат нешто ново - корупција, несоодветно дејствување или злоупотреба на власт;
• вклучуваат повеќе проверени извори, а темата да биде обработена од различни агли;
• обработуваат тема која има пошироко значење и која (би) предизвикала општествена акција;
• ги запазат етичките стандарди
 
Прва награда: 30.000 денари 
Втора награда: 20.000 денари
Трета награда: 10.000 денари
 
Еден примерок во изворниот формат и 2 копии да се достават во МИМ најдоцна до 1 март 2011:
- По пошта: Македонски институт за медиуми, Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје
- По електронска пошта: mim@mim.org.mk 
- Или лично да се достават во МИМ
 
Информации: Славчо Миленковски, 02/ 30 90 004; slavco@mim.org.mk