Фотоконкурс „Заеднички визии“

Reading time: 0 minute(s)

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Институтот за развој на заедницата од Тетово, под покровителство на УНЕСКО и со поддршка од Фондот за Милениумските развојни цели и Владата на Шпанија, распишуваат фотоконкурс на тема „Заеднички визии“. Целта на овој конкурс е да ги поттикне младите граѓани на Република Македонија да ги слават и негуваат културните различности во Македонија, да се потенцира она што во сета разноликост ни е заедничко и нè зближува, и да се одбележи соработката помеѓу различните култури, етнички и верски заедници во Република Македонија. Очекуваме на конкурсот да пристигнат визуелни претставувања на моменти и стории кои прикажуваат интересни и впечатливи примери од секојдневниот живот во мултикултурна и мултиетничка Македонија, и дигитални илустрации со кои авторите ги претставуваат своите визии за заедничката иднина на сите етнички, религиозни и културни заедници во земјата. Конкурсот е отворен до 15-ти мај 2010 година.  Деталите за учество, информации за фотографиите и наградите се наведени во целосниот конкурс достапен на овој линк:

http://www.zaednickivizii.org/konkurs