Постдипломски студии за човекови права на ЕУ

Reading time: 0 minute(s)

Од декември 2009, седум универзитети се вклучени во оваа постдипломска програма обезбедувајќи им на своите студенти заедничка диплома: Универзитетот на Грац, Католичкиот универзитет Лувен, Рур Универзитетот, како и универзитетите на Хамбург, Падова, Венеција и на Деусто, Билбао.  

Програмата нуди изучување на меѓународното право, политиката, философијата, историјата и антропологијата на човековите права. Студентите ќе имаат можност да студираат во мултикултурна средина и да слушаат предавања од водечки академици, експерти и претставници на меѓународни организации, вклучувајќи ги и Европската Унија, Обединетите нации, Советот на Европа и ОБСЕ, како и невладини организации.  Постдипломците ќе се здобијат со академски и практични вештини – од една страна способност да спроведуваат независно и интердисциплинарно академско истражување поврзано со човековите права и демократизацијата, а од друга страна – вештини како што се известување, пребарување на факти и мониторинг, што се многу битни за идните експерти за човекови права.