Конкурс за новинари на фондациите Роберт Бош и Томсон Ројтерс

Reading time: 0 minute(s)

15 избрани новинари од Балканот ќе имаат можност да учествуваат во програмата која ја водат искусни поранешни новинари на Ројтерс. Програмата вклучува две 10-дневни обуки, најпрвин во Велика Британија од 10 до 24 април 2010 и во Германија од 20 септември до 2 октомври 2010. Исто така, учесниците ќе имаат можност да патуваат во Брисел и Берлин при што ќе имаат можност да се сретнат со политичари и новинари кои покриваат политички и економски теми.

Сите заинтересирани апликанти освен одлично познавање на англискиот јазик, треба да бидат професионални новинари во редовен работен однос и со најмалку 2 години работно искуство во познати електронски, печатени или Интернет медиуми. Кандидатите во својата биографија треба да го наведат своето искуство во однос на економските и политичките прашања со што би го потврдиле својот силен интерес кон овие теми.

Право на аплицирање имаат новинари кои се државјани на Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија или Словенија. Исто така во прилог на секоја апликација кандидатите треба да имаат писмена дозвола од својот работодавач за учество во оваа програма.

Краен рок за аплицирање е 14 февруари 2010. Сите информации во врска со овој конкурс, како и формулар за аплицирање, можете да добиете на следниве веб адреси:

http://www.bosch-stiftung.de/content/language2/html/11260.asp