Објавена стипендиската програма на фондациите Роберт Бош и Ерсте, во соработка со БИРН

Reading time: 0 minute(s)

Фондациите Роберт Бош и Ерсте, во соработка со Балканската Истражувачка Мрежа, БИРН, го објавуваат почетокот на четвртата година од нивната престижна стипендиска програма за новинари од Балканот.

Ги повикуваме новинарите од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија да поднесат предлози за истражувачка сторија на овогодишната тема – ТАБУ.

Секоја година преку отворен конкурс се избираат десет новинари кои ќе добијат средства и професионална поддршка за да истражуваат и известуваат на теми кои имаат важност  за регионот и за Европа.

 

Стипендистите ќе добијат:

- Финансиска поддршка од 2,000 евра, покриени патни трошоци до 2,000 евра и шанса да учествуваат во седуммесечна програма за нивен професионален развој.

- Можност да патуваат ширум регионот со цел да изготват длабински стории со регионално и европско значење.

- Тренинг од интернационално признаени новинари и експерти.

- Можност нивната работа да биде публикувана ширум Европа и да се приклучат на растечката мрежа на новинари кои ја поминале програмата за извонредност во новинарството на Балканот.

 

Во продолжение, независна комисија ќе додели награди од 4,000, 3,000 и 1,000 евра на авторите на трите победнички текстови.

За детални информации за стипендиската програма, за начинот на пријавување и за процедурата на селекција ве молиме прочитајте ги упатствата пред да симнете формулар за пријавување.

Пријавите мора да пристигнат до први март 2010.

 

Повеќе на http://fellowship.birn.eu.com/ 

  RobertboshBirn