Спроведено гласањето за Годишната медиумска награда на граѓанското општество

Reading time: 0 minute(s)

CovСите невладини организации од Македонија во периодот од септември до средината на декември 2009 година имаа можност да гласаат за Годишната медиумска награда на граѓанското општество. Оваа награда се доделува на медиуми кои најмногу придонеле за промовирањето на граѓанскиот сектор на национално ниво и на локално ниво, како и на програма, емисија или рубрика во електронските или печатените медиуми, која имала најголем придонес во промовирањето на граѓанскиот сектор. Наградите ќе бидат доделени на церемонија која ќе се одржи кон крајот на јануари 2010 година. Иницијативата е дел од Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од УСАИД, а имплементиран од партнерски конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).