Објавен конкурсот за наградата Даниел Перл 2010 за најдобро меѓународно новинарско истражување

Reading time: 0 minute(s)

Конкурсот е отворен за секој професионален новинар или тим од новинари без разлика на националната припадност. Основен услов за  квалификација е новинарските стории да содржат известувања од најмалку две држави на теми од светско значење.

Победниците ќе бидат избрани од страна на петчлено интернационално  жири. За победничката сторија предвидена е награда од 5000 долари, додека за преостанатите пет финалисти наградата ќе изнесува 1000 долари.

Претставувањето на наградените е предвидено во рамките на Глобалната конференција за истражувачко новинарство која ќе се одржи во Женева на 6 Април 2010 година.

Сите заинтересирани учесници своите стории треба да ги испратат најдоцна до 15 јануари 2010 година.

Повеќе информации можете да прочитате на следната веб страница: http://www.publicintegrity.org/investigations/icij/awards/