Во тек е конкурсот за Еразмус Еуромедиа наградите за најдобар медиумски производ

Reading time: 1 minute(s)

Признанијата и  наградите Еразмус ЕуроМедиа се доделуваат на производите, проектите, продукциите и програмите (во продолжение производи) од сите медиумски формати, кои:

-критички го  поддржуваат европскиот дискурс низ сопствена интерпретација на целите, погледите, проблемите, условите и предизвиците;

-сакаат да имаат  образовна улога за темите  како што се европските вредности,  идентитети  и совест, транскултурна комуникација, социјално вклучување, солидарност, различност, мирно соседство. 

Жирито ги доделува следните признанија Еразмус-ЕуроМедиа:

      -Печат за одобрение (Seal of Approval) за производите кои квалитетно ги исполнуваат условите на конкурсот;

      -Државен медал (Country Medal) за најдобар производ од поединечна држава. 

Жирито, исто така, доделува и финансиски награди Еразмус-ЕуроМедиа

      -Гранд-награда за најдобар пријавен производ (3.000 евра)

      -Награди за пријавени производи, кои се фокусираат на тековните дебати и контроверзни теми за европскиот дискурс и политика, естетика и обликување. (вкупно 3.000 евра) 

      -Специјални награди за пријавени производи, од областа на образованието и етиката, дискурсот и политиката, естетиката и обликувањето. (по 1.000 евра)

 

Признанијата и  наградите ќе бидат доделени на гала-настанот што ќе се одржи во Големата дворана на Универзитетот во Виена на 16 октомври 2009 година. Сите кои се пријавиле на конкурсот, како и сите останати заинтересирани се поканети да присуствуваат. Добитниците на наградите и на признанијата ќе бидат објавени на интернет архивот ЕУ-Медија, на интернет страниците на организаторот и во ревиите ДеСкрипто и Л.А. Мултимедија.   

Сите заинтересирани најдоцна до 5 септември 2009 година, треба да ги испратат следните документи:

      -Пополнета  пријава 

-Краток опис  на производот (и аргументација  за пријавувањето) на максимум  една страничка на англиски/германски

      -Три копии на производот (или влезните кодови на интернет страниците)

      -слика за презентација (gif/jpg 300 dpi, мин. 7 см ширина)

      -уплата  на придонес за реализација  на конкурсот и на наградите во висина од 150 евра (односно 100 евра за непрофитните и образовните институции) на сметката на ЗИК, IBAN: SI56 241009010398364, BIC/Swift: KREKSI22, отворен во Раифаизен банката д.д., со адреса на улица Словенска 17, 2000 Марибор, Словенија; предмет на уплатата: Erasmus 2009. Во случај на проблеми при уплатата обратете се на info@zik.si или на +386 41 681991.  

Пријавата и сите останати документи  треба да се испратат на следната адреса:

      ZIK, Prešernova 18,

      2000 Maribor, Slovenija

      и/или  по електронска пошта info@zik.si 

Повеќе  информации за конкурсот  може да најдете на интернет страницата: www.zik.si или на телефонскиот број +386 41 681991 odnosno info@zik.si.