Отворен конкурсот за Наградата за извонредни заслуги во новинарството на Централно европската иницијатива

Reading time: 0 minute(s)
Централно европската иницијатива (ЦЕИ), во соработка со СЕЕМО, го објавува конкурсот за Наградата за извонредни заслуги во новинарството, со посебен фокус на истражувачкото новинарство. За наградата може да аплицираат новинари од печатени, електронски и Интернет медиуми, како и од новински агенции кои работат во земјите-членки на ЦЕИ, меѓу кои е и Македонија. Апликантите треба да бидат номинирани од индивидуалци, организации или медиумски куќи.  

Конкурсот е отворен до 15 јуни 2009 година.