Конкурс

Reading time: 0 minute(s)

Управниот одбор на фондацијата „Македонски институт за медиуми“ објавува конкурс за прием на нов извршен директор. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
• Да бидaт државјани на Р.Македонија
• Да имаат завршено високо образование во областа на новинарството, медиумите и комуникациските науки
• Да имаат работно искуство од најмалку 10 години од кои најмалку 4 на раководна, менаџерска позиција
• Одлично да го познаваат македонскиот и англискиот јазик
• Да поседуваат добри вештини во користењето компјутер
• Да имаат одлични познавања на медиумскиот систем во Македонија и во регионот
• Да поседуваат искуство во обезбедување средства и менаџирање проекти поврзани со теми од областа на новинарството, медиумите и комуникациите
• Да имаат искуство во работење во невладиниот сектор
• Кандидатите со дополнително новинарско искуство ќе имаат предност
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
• Мотивациско писмо
• CV
• Копија од потврда за завршено формално образование и сертификати за доедукација
Документите да се достават лично во МИМ на адреса Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје, најдоцна до 29 септември, до 17 часот.