Претставени првичните наоди од мониторингот на изборите и на медиумите

Reading time: 0 minute(s)

Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка го претставија вториот извештај од мониторингот за досегашниот тек на изборната кампања и за работата на изборната администрација, како и извештајот од мониторингот на медиумите. Овие активности беа дел од заедничкиот проект на трите организации за интегриран мониторинг на вонредните парламентарни избори „Мојот избор 2011“.
Во делот за мониторинг на медиумите МИМ ги презентираше првичните наоди од мониторингот, а финалниот извештај со продлабочени анализи и податоци, ќе биде презентиран кон крајот на јуни.