Одржано основачкото собрание на Синдикатот на новинари и медиумски работници

Reading time: 0 minute(s)

VostanieСиндикатот на новинари и медиумски работници на 12 ноември 2010 година во Скопје го одржа основачкото собрание.

За претседател на синдикатот до следното собрание и со можност за продолжување на мандатот беше изгласана новинарот Тамара Чаусидис. На денешната седница беше усвоен и Статуот, а присутните членови го изгласаа извршниот и надзорниот одбор.

На собранието беше истакната големата потреба од формирање синдикат во последните 20 години. Членовите велат дека сакаат да премостат клучни проблеми, да се залагаат за подобрување на состојбите и да се обединат како новинарски индивидуи, а не како медиумски куќи.

Освен новинарите во редовен работен однос, синдикатот ќе ги вклучи и хонорарните работници и новинарите со договор на дело.