МИМ ќе започне со имплементација на проектот за медиумска писменост

Reading time: 0 minute(s)

Се очекува проектот да резултира со вклучување на медиумската писменост во наставните програми на основните и на средните училишта, при што ќе биде спроведена обука за наставниците и за професорите, а ќе се подготват и различни наставни помагала. Како дел од првата фаза од реализацијата на проектот, обучувач од Холандија ќе одржи обука за медиумска писменост на 15 и 16 јуни 2009 во просториите на МИМ. Проектот ќе се спроведува со холандска поддршка, од програмата МАТРА.