Објавен конкурсот на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста за последипломски студии за менаџмент во медиумите и во стратегиските комуникации

Reading time: 0 minute(s)

Програмата за менаџирање на стратегиските комуникации ќе едуцира менаџери за корпоративно комуницирање на највисоко ниво кои се истовремено добри стратези, креативни професионалци и флексибилни комуникатори. Идните стручњаци по корпоративни комуникации ќе стекнат способности критички да го анализираат опкружувањето, да ги толкуваат трендовите во комуникациските практики и технологии и ќе имаат високо развиени етички и професионални вредности.

И во двете студиски програми се вградени содржини кои идните менаџери и стручњаци ги оспособуваат за работа во мултикултурно опкружување и за развивање и афирмирање на интеркултурните вредности, дијалогот и разбирањето меѓу различните групи и заедници во македонското општество.
Наставните програми ќе се реализираат во соработка со Универзитетот Виндесхеим од Холандија, Данската школа за медиуми и новинарство, и Универзитетот од Кардиф, Велика Британија. За одделни предмети ќе бидат ангажирани и искусни професори од странство кои ќе ја реализираат наставата преку „учење од далечина“.

Запишувањето трае до 25 февруари 2012. За сите кои ќе бидат дел од првата генерација студенти УНЕСКО обезбедува 50 стипендии од по 500 евра. Оваа студиска програма се имплементира со техничка поддршка на Канцеларијата на УНЕСКО во Венеција, а во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“. Програмата се спроведува од УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, со финансиска поддршка од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели (МДГ-Ф).

Повеќе информации околу студиските програми можете да добиете на веб страницата на Високата школа: www.vs.edu.mk