Објавен почетокот на гласањето за годишната медиумска награда на граѓанското општество 2008

Reading time: 0 minute(s)

МИМ го објави почетокот на изборот за Годишната медиумска награда на граѓанското општество 2008.
Како и изминатите години, во текот на наредните два месеци, до 15 декември 2008 година, ќе се спроведе гласање, во кое право на учество имаат сите регистрирани невладини организации од Македони
ja
Оваа иницијатива се спроведува во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од УСАИД, а имплементиран од страна на конзорциумот предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ). Годинава наградата се доделува по третпат. Досегашни добитници на Годишната медиумска награда на граѓанското општество се Канал 5 и и А1 телевизија.