Соопштение за јавноста

Настанот ќе се одржи на 26 мај 2008 година (понеделник) во 11 часот во Стопанската комора на Македонија на V спрат.

Целта на овој настан е да се отворат прашањата врзани за професијата односи со јавност и корпоративни комуникации, професија која се повеќе се развива во нашата држава. Што се односи со јавноста, каде се позиционира оваа професија, дали таа кај нас се подразбира само како пропаганда или пак, како комуницирање и информирање насочено кон целните публики; професионалците за односи со јавност се повеќе се присутни во Македонија, но, какво образование е потребно за да може овие професионалци да одговорат на обврските и дали новинарското искуство е доволно за етаблирање на еден ПР експерт; постои ли свесност кај компаниите и институциите за комуникациско стратешко планирање и анализа на јавното мислење за сопствената работа, имиџот во јавноста и транспарентноста во работењето.

 

На тркалезната маса ќе дискутираат академски професори, практичари и професионалци за односи со јавноста.