Македонскиот институт за медиуми објавува конкурс за прием на едно лице во редовен работен однос на позицијата програмски менаџер

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
• Да имаат завршено високо образование
• Одлично да го владеат англискиот јазик (говор и пишување)
• Одлично да работат со компјутер (офис пакет)
• Да поседуваат искуство во пишување и во администрирање проекти со домашни и со странски партнери
• Да поседуваат нагласена способност и искуство во остварување деловна комуникација на македонски и на англиски јазик
• Да располагаат со знаење и искуство во организација на јавни настани
• Да имаат основни познавања за функционирањето на медиумите во Р.Македонија.

Потребни документи за пријавување:

• Мотивациско писмо на македонски јазик ( Ве молиме објаснете зошто се пријавувате на овој конкурс)
• Детална професионална биографија( CV) на македонски јазик, со контакт информации
• Копија од диплома или уверение за завршено образование и сертификати од дополнителни обуки и курсеви

Документите да се достават во Македонски институт за медиуми исклучиво по пошта, на адреса: „Јуриј Гагарин“ 17-1/1 Скопје, најдоцна до 27 октомври, понеделник, до 17:00 часот. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на разговор. Телефонски јавувања не се дозволени.